Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Владата без предупредување ја поскапи струјата за над 65.000 фирми за над 50 отсто 

1708002705 Whatsapp Image 2023 01 22 At 23.22.13.jpeg

Интегрален текст од соопштение на ДУИ:

Имајќи ги предвид поплаките на микро, малите и средните претпријатија, ДУИ ги пренесува нивните поплаки дека Влада со моноетнички легитимитет, на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за над 65.000 микро, мали и средни претпријатија за повеќе од 50%.

 Дури и тоа од 8,78 ден/kWh до 13,37 ден/kWh или за повеќе од 50%.

 Сакаме да ја информираме јавноста дека оваа акција директно влијае на буџетот на граѓаните со зголемување на цената на производите и услугите како и оштетување на ликвидноста на компаниите.

Со не зголемувањето на минималната плата, платите во јавниот сектор, ваквата акција ќе влијае на влошување на животниот стандард на нашите граѓани.

 Апелираме што поскоро да се преземат мерки за намалување на цената на струјата како и на цените на прехранбените производи во интерес на граѓаните и микро, малите и средните компании кои сочинуваат 98% од активните компании во државата

Можете да прочитате

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм