Утрински Весник
Свет

ОН: Израелските евакуации ги принудуваат Палестинците во пренатрупани и небезбедни области

20240822100302 Big 730x400 57.webp.webp

Канцеларијата на ОН за хуманитарни работи предупреди дека наредбите за масовна евакуација од страна на израелската армија овој месец ги принудила Палестинците да се преселат во пренатрупани и небезбедни области долж брегот на Средоземното Море во Газа.

Портпаролот на ОН, Стефан Дижарик, изјави дека најновите наредби, издадени во средата, се однесуваат на дел од Деир ал-Балах во централна Газа и Кан Јунис на југот, и ги опфаќаат 115 локации со над 150.000 раселени мажи, жени и деца, како и објекти на ОН и многу неформални и импровизирани засолништа.

Наредбите исто така ги опфаќаат канцелариите, складиштата и резиденциите на ОН и хуманитарните организации, како и три бунари кои обезбедуваа вода за десетици илјади луѓе и сега повеќе не се достапни.

-Во Деир ал-Балах, снабдувањето со вода е намалено за 70 проценти, што резултира со критичен недостиг на санитарни и хигиенски материјали- рече Дижарик.

Портпаролот информира дека Израел досега издал 11 наредби за евакуација во август, кои се однесуваат на 250.000 луѓе.

Пред август, ОН процениле дека околу 90 отсто од 2,3 милиони жители на Газа биле раселени најмалку еднаш од нападите на Хамас на југот на Израел на 7 октомври, што го предизвика тековниот конфликт.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина