Утрински Весник
Македонија

Во Кривичен продолжи судењето за „Синџир“

20240822100140 Big 730x400 24.webp.webp

Со сведочење на вешто лице на предлог на обвинителството, во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за преостанатите обвинети во случајот „Синџир“ кој се однесува на даночно затајување од околу 8 милиони евра.

Во случајот беа обвинети над 30 физички и правни лица, од кои најголем дел признаа вина и за нив Основниот кривичен суд Скопје изрече затворски, условни и парични казни. Постапката продолжува за 12 обвинети физички и правни лица.

Дополнително, со шестмина осомничени и шест кривично одговорни правни лица, како што информираше Јавното обвинителство своевремено, биле постигнати спогодби, со кои се вратени безмалку 1.000.000 евра во државниот буџет.

Истражната постапка против 26 сопственици и управители на 28 правни лица беше започната на 30 октомври 2023 година. Во меѓувреме, истрагата беше проширена за уште две лица, а за едно лице кое при оценка на Обвинителниот акт почина е донесено Решение за запирање на истрагата.

Според содржината на диспозитивот на Обвинителниот акт обвинетите во својство на сопственици и управители на правни субјекти во периодот од 1.1.2019 година до 31.12.2021 година во име и за сметка на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување, не пресметале и не платиле данок – давачка на која биле законски обврзани. На овој начин, со намера за себе да се стекнат со противправна имотна корист, осомничените предизвикале штета на Буџетот во вкупен износ од 490.808.618 денари или 7.980.627 евра. Парични средства што ги прибавиле со казниви дела во вкупен износ од 40.046.815 денари ги пуштиле во оптег, ги примиле и извршиле пренос на истите, по што ги подигнале во готово.

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи