Утрински Весник
Свет

Тим Волц и формално ја прифати номинацијата на демократите за потпретседател на САД

20240822065208 Big 730x400 97.webp.webp

Тим Волц, избран од Камала Харис за нејзин потпретседател на претседателските избори во САД во ноември, официјално ја прифати номинацијата на демократите.

„Најголема чест во мојот живот е да ја прифатам вашата номинација за потпретседател на САД“, рече тој на Демократската национална конвенција во Чикаго. Неговиот говор беше пренесуван во живо на американски ТВ-канали за вести. Волц 60-годишниот гувернер на Минесота доби овации од публиката во салата каде го одржа својот говор.

„Сите сме овде вечерва од една прекрасна, едноставна причина – ја сакаме оваа земја“, рече тој.

Во својот говор, Валц му се заблагодари на американскиот претседател Џо Бајден за „четири години силно, историско лидерство“ и на Харис „за гласањето за доверба во мене и што ме покани да учествувам во оваа неверојатна кампања“.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk