Утрински Весник
Македонија

Филипче: Наставниците и работниците се разочарани, платите со оваа Влада нема да растат

Filipce Kumanovo 1.jpg
Dik 300x250 mk

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска е во Битола кадешто се сретна и со наставниците од овој град.

-Разочарувањето од тоа што оваа година ќе ја започнат школската година без покачени плати е големо и тоа јасно ми го пренесоа. Покрај наставниците има големо разочарување и кај сите останати работници кои школската година ја започнуваат со зголемени трошоци за живот и најави дека нема да се зголемуваат платите. Прекинот на трендот на постојан раст на платите, вклучително и на минималната плата која што СДСМ успешно го спроведуваше 7 години, е на директна штета на работникот и го загрозува животниот стандард на граѓаните. Денеска гледаме дека трошоците за живот се покачени а платите не се зголемуваат, што апсолутно значи дека животот за граѓаните станува потежок, рече Филипче.

СДСМ останува партнер на работниците, на граѓаните и на синдикатите и ќе вршиме притисок врз владата да го смени планот, додаде претседателот Филипче.

-Преку Собранието, но и преку сите демократски механизми кои ни се на располагање ќе вршиме притисок врз актуелната власт да ги промени погрешните политики, да го смени планот и да овозможи платите да продолжат да растат, рече претседателот Венко Филипче, денеска во Битола.

Можете да прочитате

Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

Зајкова бара итни законски измени: Животот на пациентите не смее да зависи од бирократија

Се бара притвор за разбојник од Маџари