Утрински Весник
Македонија

Позитивната листа на лекови е дополнета благодарение на нас, велат од СДСМ

Sdsm.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Целата процедура како и исполнувањето на потребните предуслови за проширувањето на позитивната листата на лекови беше започната и завршена во време на мандатот на СДСМ.

Благодарение на СДСМ денеска имаме дополнета, односно проширена позитивна листа со лекови кои им се потребни на граѓаните, меѓи кои и за висок притисок, срцеви заболувања итн.

После цели 13 години СДСМ ја отвори оваа можност за современа и поефикасна терапија за граѓаните.

Беше усовоен нов Правилник за ставање лек на позитивната листа, целосно усогласен со европските правилници.

Минатата, 2023 година беше формирана и стручна комисија откако претходно беа усвоени нови критериуми.

На тој начин за граѓаните се отвори можноста да имаат нови лекови а за фармацевтските компании да можат да почнат со навремена подготовка на документацијата.

Актуелната власт само го заврши процесот во оваа фаза.  За жал процесот не е комплетиран до крај.

За да биде целосно комплетиран целиот процес потребно е оваа листа да се интегрита и да се дополни заедно со болничките лекови.

Можете да прочитате

Сончево со мала до умерена локална облачност

Родителите во паника, пожарникарите влегле преку тераса во Струмица, девојчето го нашле во длабок сон

Година и половина од трагедијата во „Пулс“ – родителите стравуваат од пуштање на сопственикот од притвор