Утрински Весник
Македонија

Приведени две лица за убиството кај Мавровка

Img 2845.jpeg
Dik 300x250 mk

Денеска (20.08.2024) во СВР Скопје било пријавено кривично дело убиство на паркинг простор пред трговски центар „Мавровка” во Скопје, при што со огнено оружје е застрелано едно лице и починало на местото.

Од страна на полицијата веднаш се преземени оперативно – тактички мерки, затворање на дел од градското подрачје, преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила, во кои се вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови. Имено, на подрачјето на општина Чаир, забележено е патничко возило, кое се обидело да побегне, при што лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје. Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода. При преземањето понатамошни мерки, од слобода било лишено уште едно лице, а на полицијата е познат и идентитетот на третото осомничено лице кое е во бегство и за кое се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот што следува во некои делови од град Скопје ќе има зголемено полициско присуство со цел целосно расчистување на случајот .

Можете да прочитате

Филипче: Економијата во стагнација, образованието е дебакл, институциите парализирани

Филипче: Македонија доби најлош извештај од ЕУ во последните 10 години

Јаневска на Светскиот ден на ромскиот јазик: Го негуваме јазичното и културното богатство