Утрински Весник
Македонија

100.000 патници викендов минале низ ГП Табановце

Tabanovce 1.jpg

 Изминатиот викенд на граничниот премин Табановце во државата влегле и излегле над 102.000 патници, соопштија денеска од МВР. Летниот период е зголемена фреквенцијата на и онака најфреквентниот премин во државата.

– На 17-ти август (сабота) влез /излез оствариле 57.579 патници, а возила околу 15-20.000, додека на 18-ти (недела) влез/излез оствариле 44.721 патник, а возила околу 14.000, без да се земат предвид товарни моторни возила Денеска, од полноќ до 09.00 часот влез оствариле 1.953, а излез оствариле 1.947 патници или вкупно 3.900 патници, информираат од МВР.

За време на работните денови граничниот премин го минуваат околу 6.500 до 7.000 возила, додека за викенд бројот се зголемува.

-Во функција се ставени сите човечки и технички капацитети, со цел овозможување на побрз проток на патници со запазување на целокупните безбедносни проверки, додаваат од полицијата.

Можете да прочитате

Чилиманов: ЛДП му нуди помош на неспособното ЈО – отворете експресна постапка за независноста, па споредете со случајот „Груби”, по член 353 од КЗ!

Ученик од Ѓорче Петров тешко повреден откако бил претепан од група малолетници

„Живи и мртви“: Стаорци и глувци кај „Буњаковец“ – на чекор од основно училиште