Утрински Весник
Македонија

Најголема предност за вработување ќе имаат приватните специјализанти од внатрешноста, најави Таравари

20240819115752 Big 730x400 19.webp.webp

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска соопшти дека прв критериум за вработување на приватни специјализанти, е таму каде има најголем дефицит.

– Најголем дефицит имаме во внатрешноста на државата и ќе им дадеме предност во тие места, значи тие коишто доаѓаат од градовите Куманово, Струмица, Тетово, Кичево. Потоа, ќе бидат специјализанти кои се при крај на специјализацијата. Значи, предност ќе имаат тие кои се во шеста, петта, четврта година. Исклучоци може да има, ако имаме некаде огромен дефицит во некој од градовите, меѓутоа предност генерално ќе имаат тие, одговори тој на новинарско прашање, по посетата на просториите на Црвен крст во Скопје.

Друг критериум ќе биде и просечната оценка.

– Јас се надевам, вкупно се 641 приватен специјализант, мислам дека некои од овие специјализанти можеби и нема да имаат интерес, меѓутоа ние како држава ќе им дадеме понуда. Така што, мораме од октомври – ноември да ги ефектуираме, да отвориме конкурси и да ги вработиме. Оваа година 300 и 300 следната година. Доколку нема интерес оваа година, помалку има, тогаш ќе одиме на втора година, прва година и тие кои се на почеток на специјализација, после ќе ги третираме идната година другите преостанати од идниот број 300, додаде министерот за здравство.

Прашан за тоа дека онколошки пациенти се практично незадоволни од ревидирање на Позитивната листа и бараат да бидат вклучени во следното ревидирање, тој рече дека за шест месеци би требало да има повторна ревизија.

– Секогаш треба да анализираме што се можностите и што се потребите и според тоа да ја направиме што порационална Позитивната листа. Меѓу другото, тука министерот е само како член во Комисијата што е многу покомпетентна отколку што е министерот со тоа што се најголемите потреби во државата. Ние ќе се обидеме повторно да бидеме рационални и ефикасни во изборот на следните лекови и јас гарантирам дека за шест месеци ќе подготвиме нови лекови со што ќе биде надополнета актуелната Позитивна листа. Мислам дека е огромен чекор напред девет нови лекови, а во минатите 15 години само еден лек е ставен, така што ви гарантирам дека ќе има нови лекови, дека наскоро ќе седнеме со Комисијата и ќе видиме што се можностите и потребите, одговори Таравари.

Тој смета дека недостигот од радиолози и патолози е проблем што онколошки пациенти чекаат за резултати од патологија.

– Знаеме сите што е проблемот. Имаме недостаток на радиолози и патолози. Затоа и не ретко, меѓутоа и не многу често се случува да задоцнат резултатите. Сега Министерството за здравство подготвува план за специјализации и ќе дадеме огромна предност и огромен број за патолози, радиолози, анестезиолози – тоа што ни недостасува. Се обидуваме ова да го менаџираме максимално колку што можеме. Меѓутоа, повторно – некогаш се случува, не често, да задоцни некој резултат. Ако сите резултати се прочитани за пет до 10 дена и еден резултат ако задоцни два или три месеци, само за тој ќе кажеме, а не кажуваме дека 99 отсто од резултатите не доцнат повеќе од 10 дена, рече Таравари.

Можете да прочитате

Дождот донесе среќа за пожарите, мака за жителите во делчевско: Поплавени се улици, се судрија возила

Перински по состанокот со Арсовска: Сега сме уште позагрижени од претходно

Викендот над 100.000 луѓе влегле и излегле преку Табановце