Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас”

Struja 1.jpg

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против В.Р. – инспектор за прекуграничен криминал и миграции Струга во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија во Регионалниот центар за гранични работи Запад, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас” по член 235-а од Кривичниот законик.

На 11.06.2024, вработени во ЕВН Струга констатирале дека пријавениот В.Р. врши неовластено преземање на електрична енергија на трифази во неговата куќа во с.Делгошти, струшко. Пријавениот, кражбата на електрична енергија ја вршел од бандера на ЕВН преку електрично броило поставено во куќата на неговиот починат татко, од каде бил пуштен кабел за електрична енергија до неговата куќа.  

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против В.Р. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.

Можете да прочитате

Утре Ден на жалост на територијата на Општина Охрид по повод смртта на владиката Тимотеј

Кос: Македонија да го промени Уставот и потоа навистина да го забрзаме процесот

Министерот Таравари по вчерашниот колапс се одмара дома