Утрински Весник
Македонија

Измамен велешанец, дал 18 илјади за дрва не добил ништо

20170908215049.jpg

Во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера попладне 16:10 часот, 76 годишен велешанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 18 илјади денари. Измамениот пријавил дека маж дошол во неговиот двор и му понудил да му продаде шест кубни метри огревно дрво по цена од три илјади денари за кубен метар или за вкупна сума од 18 илјади денари, информираат денеска од СВР Велес.

Оттаму појаснуваат дека измамениот му поверувал и му ги дал парите по добиено ветување од измамникот дека заминува за да ги товари дрвата. Измамникот заминал и не се вратил.

Од СВР Велес информираа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Македонија дел од голема меѓународна акција: Разбиена мрежа за интернет измами, седуммина уапсени

Над 5.000 корисници на социјална помош имаат сметки во Алта банка

Пет случаи на морбили во Македонија – Клековски предупредува на опасност од епидемија