Утрински Весник
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ВИСИНСКИ ЦИКЛОН СО ЦЕНТАР НАД ИТАЛИЈА: Од овој викенд, па се до вторник пороен дожд, грмежи и силно невреме

Vreme 696x452 1.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани мои, под влијание на висински циклон со центар над Италија, од овој викенд, па се до вторник атмосферата во Македонија ќе биде многу нестабилна, односно времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено од пладневните часови па натаму.

Поради загреаната атмосфера која е исполнета со многу енергија, поради подолгото траење на екстремно топлиот бран “ЛУЦИФЕР” во Македонија, на повеќе места ќе има појава на силно невреме, проследено со обилни поројни врнежи од дожд кои може да условат локални поројни поплавувања, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град кој во ваква ситуација би можел да биде  и покрупен.

За време на овој висински циклон кој ќе биде со центар над Италија, локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 л/м2).

Апелираме во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја.

И во Скопскиот регион за време на овој викенд, особено од недела до вторник ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме.

Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на постепено опаѓање секој нареден ден, а повеќе ова освежување ќе се почуствува додека траат врнежите  и нестабилноста. Најниска дневна температура се очекува во вторник, кога таа ќе се искачува во интервалот од 26 до 34 степени, што значи дека температурите во почетокот на наредната седмица ќе бидат пониски за 8 до 10 степени во споредба со сегашните, локално и за повеќе од 10 степени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС” и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

Голем пожар кај Струмица – забрзано се движи кон селата Сушево и Владевци

Активни се 17 пожари на отворен простор, изгаснати 13, а под контрола 5

Делови од Македонија утре во жолта фаза – ќе има високи температури, но и невреме!