Утрински Весник
Македонија

Градоначалниците на Скопје бараат одземање на ингеренциите на Комунална хигиена и Паркови и зеленило

20240814121454.jpg

На денешниот координативен состанок на градоначалниците на скопските општини, донесена е одлука да се предложи до Владата и Министерството за животна средина да ги одземат ингеренциите на Јавните претпријатија за комунална хигиена и паркови и зеленило.

Како што изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по состанокот, одлуката предвидува побарување од Владата за назначување на владин повереник и започнување на процесот на расформирање на овие јавни претпријатија. Ѓорѓиевски истакна дека барањето е насочено кон пренос на обврските за комунална хигиена и одржување на зеленилото на општините.

На состанокот, кој бил посветен на разгледување на состојбите во градот и нефункционалноста на претпријатијата, присуствувале сите скопски градоначалници, освен двајца кои биле на одмор, но имало нивни претставници. Претставниците на општините изразиле сериозно загриженост за актуелните проблеми и недостатоците во управувањето со јавните претпријатија, што довело до усвојување на оваа значајна одлука.

Можете да прочитате

Од сабота почнува примената на „Безбеден град“ на подрачјето на СВР Велес

Преку Државна Лотарија одел договорот со Авалон за прославата на независноста

Тошковски во посета на Универзитетот во Тетово и СВР Тетово: „Безбеден град” дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година