Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска е единица мерка за неспособност, колку тежи се виде на последните избори кога ниту домашните не ја гласаа, наместо метропола Скопје го претвори во депонија

Danela Arsovska.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Кој е како Данела Арсовска. Седи, добива плата и провизии, а Владата и ги плаќа ратите за автобуси кои Арсовска не е способна да ги плаќа.

Кадрите на Драги Митковски го водат градот, освен кога Арсовска не му е лута, и му ги разрешува, а него му гори возилото, согласно омилениот метод на Арсовска за пироманство, а СДС и гласа буџет во совет, истиот тој со кој раководат кадри на Левица во неколку скопски институции.

Покрај лажното високо мислење за себе, соочувањето со реалноста се виде на последните избори кога поддршката на градоначалничката Арсовска беше на ниво на статистичка грешка кога и домашните не ја гласаа.

Скопје е нечисто не поради некаква неизгласана програма туку поради некадарноста, криминогеноста и подлоста на Данела Арсовска која добива поддршка од СДС, Дуи и Левица.

Додека Данела Арсовска менува директори секојдневно, а веруваме дека имињата ниту самата не ги памети, треба да се знае дека Градот Скопје го претвори во депонија затоа што фокусот не и е чистотата туку провизиите.

Сите одговорности и надлежности се во рацете на Арсовска. Наместо да бара кривици нека се зафати со работа.

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот