Огнот што се закануваше да го зафати овој храм каде почива славниот комита Ѓорѓи Сугаре е локализиран. Помош се бараше од сите страни, потребни беа багери, механизација и што повеќе доброволци, за конечно на олеснување на сите да пристигне информација дека ова светилиште спасено. Во локализирањето на пожарот учестуваа и доброволците од противпожарното друштво “Архангел”.
Убавата вест ја објави Игор Трајковски на својот Фејсбук профил каде соопшти дека манастирот е спасен.
„Манастирот Св. ЃОРЃИЈА ПАРАЛОВО е спасен со појас од багер од РЕК управуван од Пеце Јанкуловски и контра оган под водтство на Ченто, Роберто Мапек и Александар и останатите ние од ДПД АРХАНГЕЛ. Роберт Христовски и Кире по потекло од с.д.Ореово
Селото ПАРАЛОВО е спасено од Пожарникарите на станицата ТППЕ Битола од Битола мештаните фам. Угревски, фам. Митровски фам.Гелевски,фам Миленковски и останатите да не ми замерат ако не ги спомнав.
СЛАВА НА БОГА ЗА ВЕТЕРОТ КОЈ ПРАТЕШЕ НА ВИСТИНСКИ ПРАВЕЦ ПО МОЛИТВИТЕ НА МАЈКАТА БОЖЈА, СВ. ЃОРГИЈА И СИТЕ КОИ СЕ МОЛЕВТЕ И БЕВТЕ СО НАС ВО МИСЛИТЕ“, напиша Трајковски.