Утрински Весник
Свет

Ужас во САД: Татко си го убил бебето, a телото го ставил во корпа, тврдел дека не знае каде се наоѓа

0c350e55 Bc03 4ad8 9078 6336de8e0106.jpg

Полицијата извршила претрес во домот на жена по пријава во која тврдела дека е жртва на семејно насилство и во канта до куќата го пронашла телото на тримесечно бебе. Службениците потоа го уапсиле таткото на момчето.

Жената пријавила во полициската станица во Лафајет дека нејзиниот сопруг, 28-годишниот Елијасард Монеус, ја нападнал со алат и побегнал со нивниот син Џејкоб Монеус. Полицијата најпрвин извршила претрес во семејната куќа, но не го нашла ниту детето, ниту таткото во бегство, пишува „Мирор“.

Во неделата таа го уапсила Елијасардо Монеус во Индијанаполис и го привела на сослушување. На прашањето каде е неговиот син, Монеус најпрвин тврдел дека не знае, а потоа во полиција рекол дека е безбедно.

Полицајците потоа ја пребарале куќата по втор пат и го пронашле телото на детето во портокалова затворена канта. Окружниот судски вештак го прегледал телото и рекол дека се работи за убиство и дека причина за смртта е гушење.

Можете да прочитате

Грк снимал голи деца на Истра – го фатило обезбедувањето

Трагедија се случи во Бугарија – Седумгодишно дете случајно го уби сопствениот татко во Пловдив

Кирби: Ако на Путин не му се допаѓа тоа што се случува во Курск, може едноставно да си оди од Украина