Утрински Весник
Македонија

Приведено лице во прилепско поради предизвикување пожар

1708002705 whatsapp image 2023 01 22 at 23.22.13.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На 12.08.2024 во 21.00 часот во с.Канатларци, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Х.М.(29) од с.Канатларци поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување шумски пожар” по член 227 од Кривичниот законик.

Тој се сомничи дека околу 19.00 часот кај место викано „Корија” во во атар на с.Канатларци предизвикал пожар во кој горела сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Лишен од слобода возачот кој денеска попладне со возило во скопски Чаир удри во дете и избега

Ги нападнал малолетните деца и сопругата, со помош од фамилијата нападнал и полицајци: кривична за тројца кумановци

Последна седница на Собранието годинава, донесени повеќе закони по скратена постапка