Утрински Весник
Македонија

СДСМ е против реформите во судството, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Vmro.jpeg


Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани,

Најновото соопштение на СДС е уште едно од многуте кои очигледно се напишани без фокус и концентрација. Ги повикуваме нашите колеги од СДС да се консолидираат и сериозно да размислат пред да преземат некакви чекори.

Настапи како овој, полни со бесмислици и недоследности, само го потврдуваат фактот дека СДС е на пат да го надмине историски најнискиот број на гласови што ги освоија на последните избори.

СДС јавно да каже зошто се плаши од распуштање на Републичкиот судски совет и Советот на јавни обвинители? СДС ги саботира реформите затоа што се плаши од одговорност за криминалите на Зоран Заев, Венко Филипче и Ахмети.

Истите тие обвинители и судии кои беа слепи на сите тендери и криминали на овој гангстерски тандем кој овие институции ги доведе до доверба под 2 посто. Кацарска судството е заштитен знак на арамиите од СДС и ДУИ.

Со ваквите несериозни, необмислени и плитки соопштенија, само потврдува зошто пред 2 и пол месеца СДС претпре катастрофален пораз и е на пат да стигне под 100 илјади гласови на следните избори.

Можете да прочитате

Џафери не сакаше да се тргне од говорница, зборуваше пред исклучен микрофон оти не доби збор

Десеткратно зголемување на Ковид-19: 250 нови заболени низ државата

Младите бегаат подалеку и од мотика и од политика