Утрински Весник
Свет

Велика Британија, Франција и Германија предупредија дека Иран ќе сноси последици доколку го нападне Израел

20240812091644 Big 730x400 69.webp.webp

Иран ќе „сноси одговорност“ за каков било напад врз Израел „што би довело до ескалација на тензиите во регионот“ и што би ја загрозило можноста за постигнување договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците од Појасот Газа, се вели во заедничката изјава на Велика Британија, Франција и Германија.

Британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц го повикаа Иран „и неговите сателити“ да се воздржат од напади, додавајќи дека се согласуваат со земјите посредници, т.е. САД, Египет и Катар, дека не смее да има повеќе одложувања во преговорите меѓу Хамас и Израел, пренесува Политико.

Претходно порталот Аксиос објави дека израелските безбедносни служби веруваат дека напад од Иран врз таа земја може да се случи во наредните денови. Иран предупреди дека ќе го нападне Иран како одмазда откако лидерот на Хамас Исмаел Ханије беше убиен во Техеран, за што Израел не презеде одговорност.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години