Утрински Весник
Македонија

ЛЕВИЦА: ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ не гласаа за законот за забрана за градење на опожарени подрачја

Levica Crveno.png

Интегрален текст од соопштение за јавност на ПП Левица

ДПМНЕ, ЗНАМ, ВЛЕН не гласаа за измените на Законот за заштита на шумите предложени од Левица. Законот за забрана за градење на опожарени подрачја не помина.

-Со измените се предвидуваше 50 години забрана за урбанизација, изградба на објекти, изградба на фотоволтаични централи и сеча на дрвја на земјиште зафатено од пожар. Целта ни беше законски да ги отстраниме овие мотиви за подметнување на пожари, рече Јанчев, пратеник на Левица.

За тоа која е целта и која им е намерата на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ да не гласаат за закон кој е во прилог на граѓаните и во заштита на животната средина Јанчев само кратко вели „треба нив да ги прашате”.

Можете да прочитате

Мечка шета низ Битола, Коњановски уверува: Надлежните се веќе на терен

Андоновски откри дека Македонија била мета на сериозен сајбер-напад врз владините системи

„Беше неочекувано, нè евакуираа на безбедно“: Андоновски откри детали за драмата на аеродромот во Вилнус