Утрински Весник
Свет

Украински претставник: Офанзивата врз Курск има три цели

20240812084248 Big 730x400 65.webp.webp

Украински извори тврдат за Гардијан дека илјадници војници се ангажирани во упад во руската провинција Курск.

Украински безбедносен претставник изјави за агенцијата Франс прес дека целта на упадот е да се дестабилизира Русија и да се потиснат руските сили со лесни и брзи напади. Останува нејасно колку операцијата ќе биде одржлива бидејќи Кремљ се заканува да ја задуши со испраќање засилувања.

Русија тврди дека неколку стотици украински војници го извршиле ненадејниот напад во вторникот, но украински официјален претставник рече дека бројот е многу поголем. На прашањето дали се вклучени повеќе од 1.000 украински војници, функционерот рече: „Многу повеќе…илјадници и илјадници“.

„Ние сме во офанзива. Целта е да се развлечат позициите на непријателот, да се нанесат максимални загуби и да се дестабилизира ситуацијата во Русија“, рече претставникот.

Вчера Русија призна дека Украинците навлегле 30 километри во областа Курск. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата за прв пат потврди дека започнале офанзива, велејќи дека Киев „ја турка војната на територијата на агресорот“.

Можете да прочитате

Жена и девојче прободени со нож во Лондон

СЗО задутре ќе одлучи дали епидемијата на вирусот на мајмунски сипаници е глобална вонредна состојба

МОТ: Невработеноста во светот падна на 13 отсто