Утрински Весник
Македонија

Приведено лице во Скопје поради предизвикување пожар

Lisici2.webp.webp

На 12.08.2024 во 05.00 часот, полициски службеници од Единциата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(32) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 03.30 часот, по претходна расправија со неговиот 55 – годишен татко, во дворот од семејната куќа со запаливо средство опожарил мотоцикл сопственост на неговата мајка.

Според пријавеното, тој се обидел со запаливо средство да предизвика пожар и на куќата, но бил спречен од соседите. А.М. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Уапсени девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол

Јосифоска: На 34 години ќе ме оставевте во количка и ќе ми го запревте животот

18-годишен делчевец пронашол лични документи и поголема сума пари и ги предал во полиција