Утрински Весник
Свет

Иран се пофали со ракети со боеви глави кои не може да бидат откриени со радар

Krstosuvacki Raketi Iran.jpg

Церемонијата на испорака одржана во петокот ја надгледуваше генералот и врховен командант на IRGC, Хосеин Салами, а беше објавено дека морнарицата добива вкупно 2.640 ракетни системи, беспилотни летала и друга софистицирана опрема.

Овие проектили се специјално дизајнирани да нанесуваат разорна штета и имаат способност да потонат уништувачи. Испораката вклучуваше и различни ракети со долг и среден дострел, борбени и извидувачки беспилотни летала, беспилотни летала (UAV) со можности за електронско војување (EW) и најсовремени системи за електронско војување.

Од вкупниот број системи, на церемонијата беа прикажани само 210.

„Во денешниот свет, нациите мора да изберат помеѓу да станат силни и независни или да попуштат пред надворешните притисоци. Нема средина“, рече генералот.

Салами ја истакна и стратешката важност на поморските сили.

„Поморската борба и одбраната претставуваат сеопфатен начин на војување. Самото море е целосно бојно поле, а поморските сили обично се самодоволни во сите аспекти на борбата“, истакнува генералот.

Можете да прочитате

Пронајдени телата на 31 патник по авионската несреќа во Бразил

Дел од општина Гази Баба вечерва без вода

Објавена нова мапа од украинската офанзива во Русија