Утрински Весник
Свет

Пронајдени телата на 31 патник по авионската несреќа во Бразил

20240810203020 Big 730x400 52.webp.webp

Најмалку 31 тело досега е пронајдено на местото на авионската несреќа во Бразил, во која загинаа 62 лица, а идентификувани се пилотот и копилотот, соопшти покраинската влада на Сао Паоло.

„Меѓу загинатите има еден Венецуелец и еден португалски државјанин“, рече претставникот на цивилната одбрана Роберто Фарина, додавајќи дека биле контактирани локални конзулати.

Сите пронајдени тела се пренесени во полициската мртовечница во Сао Паоло.

„Се анализира таканаречената ‘црна кутија’ на авионот, која содржи гласовни снимки и податоци за летот“, изјави Марсело Морено, шеф на бразилскиот центар за истражување на воздушни несреќи.

Можете да прочитате

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Океаните апсорбираа лани рекордна количина топлина

На белгиските домаќинства без деца им се потребни од 5.000 до 7.000 евра месечно за да се чувствуваат спокојно, покажува истражување