Утрински Весник
Економија

Скопје поскапо од Приштина, поевтино од Тирана и Белград – објавена листата на најскапите градови во светот

Skop Echisto.jpeg

Онлајн-базата на податоци „Нумбео“ во својот индекс на трошоците на животот, што го објавува на секои шест месеци, откри дека швајцарскиот град Женева има највисок резултат на вкупните трошоци на живот за првата половина од оваа година.

Цирих е на второто место, а Њујорк е на третото.

На листата, која вклучува 218 града, Скопје се наоѓа на 160. место според трошоците за живот.

Во споредба со земјите од регионот, поевтин е животот во Приштина, Косово (195. место) и Ниш, Србија (165.).

Tрошоците на живот се повисоки во земјите членки на ЕУ, па така Aтина е на 91. место на листата на наскапи градови, Љубљана на 96. и Загреб на 107. Зад нив е Тирана, град што се најде на 114. место. Понатаму е Белград на 127., Софија на 132., Подгорица на 143., Aнкара на 145. и Сараево на 148. место.

Интересен податок е и дека според оваа листа поевтино е да се живее во Санкт Петербург во Русија, кој се наоѓа на 162. место, отколку во Скопје.

Компанијата со база на податоци ги разгледа факторите, како што се цената на продуктите, оброците во рестораните, трошоците за изнајмување и колку далеку оди локалната валута за да ги формулира своите резултати.

Целата листа на линкот.

Можете да прочитате

Северна Македонија може да заврши на „црна листа“ за даночни прашања

Ребалансот на собраниска седница в понеделник

Владата усвои дополнет ребаланс на Буџетот