Утрински Весник
Спорт

Тежок пораз на Егоров во првото коло на ОИ

Egorov 2.jpg

Македонскиот репрезентативец во борење, Владимир Егоров, кој со А норма избори место на Олимписките игри, во првото коло го заврши својот настап во Париз.

Егоров, во категоријата до 57 килограми, доживеа дебакл во борбата со Аман Шехреват од Индија. Македонскиот репрезентативец загуби со 0:10.

Без фокус Егоров влезе во борбата, Индиецот експресно дојде до 0:6, а потоа освои уште четири поени и се пласира во наредната рунда.

Можете да прочитате

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ

Форбс ја објави листата на најбогатите фудбалски ѕвезди – Роналдо убедливо на врвот