Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ заработката од ОИ ја донира во добротворни цели

Aa1odbac.jpg

Новак Ѓоковиќ, во неделата го освои трофејот што му недостигаше во колекцијата. Србинот го освои златото во сингл на турнирот во тенис на Олимписките игри во Париз.

Новак Ѓоковиќ, во финалето, по речиси три часа игра го победи Карлос Алкараз со 7:6, 7:6.

Владата на Република Србија великодушно ги наградува своите олимпијци кои освојуваат медали. Така, Ѓоковиќ од неа ќе добие еднократни 200 илјади евра.

Како што пренесува српскиот портал „Курир“, Ѓоковиќ целата сума ќе ја донира во хуманитарни цели.

Српскиот тенисер имаше бројни хуманитарни гестови во текот на кариерата. Тој во 2007 година ја основа Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со која раководи неговата сопруга Јелена.

Целта е да се обезбеди предучилишно образование за секое дете во Србија.

Само две земји плаќаат повеќе од Србија за олимписко злато. Тоа се Израел (253.000 евра) и Хонг Конг (708.000 евра).

Ѓоковиќ се стекнува и со право на спортска пензија, која се активира од 40 години и се исплаќа месечно.

Ѓоковиќ е и водечки тенисер по заработка во кариерата. Само од турнирите досега има заработено повеќе од 150 милиони евра.

Можете да прочитате

Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк