Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Точно е дека има информации дека ДУИ планира дестабилизација, но граѓаните не треба да бидат загрижени

Aaaa.webp.webp

Не треба да бидат загрижени граѓаните за безбедносната состојба во Македонија, Министерството за внатрешни работи и останатите институции ќе одговорат соодветно во рамки на законските надлежности, рече вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во врска со изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ), планира наесен да преземе чекори коишто се во насока на дестабилизирање на државата.

Во гостување на „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, Тошковски вели точно е дека постојат информации кои се во оваа насока и нагласи дека граѓаните треба да бидат запознаени со сите факти коишто се од интерес за јавноста.

– Точно е дека постојат информации коишто се во насока кон тоа што го говори премиерот и сметам дека јавноста треба да биде запознаена со сите факти коишто се од интерес за јавноста, а ова е секако во интерес на јавноста. Едноставно кажано, факт е дека е тешко за некој којшто 20 години бил на власт да прифати да биде опозиција, нагласи Тошковски.

Нормално е да има реакции, истакна министррот, но, вели, доколку тие се во рамки на демократските механизми, посочувајќи го правото на протест.

– Особено тешко е кога знае дека позади себе има огромни индиции коишто секојдневно стигаат до институции во насока на сторен криминал, душмански насочен, насочен кон грабеж на државата и нормално дека ќе бидат вознемирени, нормално дека ќе гледаат да реагираат и сето тоа би било нормално доколку тоа го прават во рамки на едни демократски механизми, во делот на протести и така натаму, но не е нормално доколку нивната крајна цел е токму дестабилизација, рече Тошковски.

Прашан дали разговарале со коалициониот партнер „Вреди“ за ваквите индиции за опозициската ДУИ, Тошковски вели целта на оваа Влада е да го создаде системот, бидејќи, како што рече, системот бил уништен.

– За нас како власт тотално е небитно дали станува збор за член на политичка партија, член на невладина организација, човек или пак правно лице коешто никако не е поврзано со никого. Нас не интересира да создадеме систем. Целта на оваа Влада е да го создаде системот, затоа што системот бил уништен. Не само во делот на справување со криминал и организиран криминал итн. Тоа го гледаме и во делот на пожарите, тоа го гледаме и во делот на секое едно во делот на здравство, во делот на образование. Секој еден сегмент во рамки на општеството е уништен. Ние треба моментално да ја возобновиме државата во насока на нормалност и во насока на одговорно и чесно работење, рече Тошковски.

Мицкоски деновиве изјави дека ДУИ ја загрозува интеретничката слика во државата и претставува закана по мирот и стабилноста на Македонија како држава. Суштината на ваквите потези, вели премиерот, е да се одбрани капиталот стекнат во изминативе 20 години на власт, но како што рече, не се исклучува и можноста некои групи да бидат несвесно изманипулирани и да го предизвикаат територијалниот интегритет и суверенитет.

Можете да прочитате

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ