Утрински Весник
Свет

Тим Валц, гувернер на Минесота, кандидат за потпретседател на САД од Демократите

52c7dd63 0c6f 4f5e 9e48 8319f9c151d4 W408 R1 S.jpg

Потпретседателката на САД, Камала Харис и демократскиот кандидат за претседател на САД на ноемвриските избори, го избра гувернерот на Минесота, Тим Волц за кандидат за потпретседател, соопштија три лица кои разговарале со агенцијата АП, под услов да останат анонимни.

Со изборот на Волц, таа се сврте кон гувернер од Средниот Запад, воен ветеран и поддржувач на синдикатот, кој помогна во спроведувањето на амбициозните демократски политики во неговата држава, вклучително и широка заштита на правата за абортус и великодушни мерки за семејна помош.

Харис се надева дека ќе ја зајакне својата кампања во северниот дел на Среден Запад, клучен регион во американската претседателска политика, кој често служи како „тампон зона“ за демократите кои сакаат да влезат во Белата куќа Републиканскиот кандидат, Доналд Трамп, во Мичиген и Висконсин на изборите во 2016 година.

Трамп ги загуби тие држави во 2020 година, но се фокусираше на нив бидејќи има за цел да се врати на претседателската функција, а својот фокус го прошири и на Минесота.

Волц (60) и се придружи на Харис на кампањата за време на еден од најтурбулентните периоди во модерната американска политика, ветувајќи непредвидлива кампања.

Републиканците ги затворија редовите околу Трамп по обидот за атентат врз поранешниот американски претседател во јули.

Само неколку недели подоцна, претседателот Џо Бајден ја заврши својата реизборна кампања, принудувајќи ја Харис да се обиде да ги обедини демократите и да ги разгледа можните партнери во трката за многу краток временски период.

Подоцна во вторник, Волц треба официјално да биде објавен како кандидат за потпретседател

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно