Утрински Весник
Македонија

ОЈО Скопје поднесе обвинителен акт за Никола Тасев и Тотал ТВ

Uploads Thumbs Resize 800x420 653148.jpg

Управителот на Тотал ТВ Македонија – Никола Тасев повторно ќе седне во обинителната клупа. Пиратското реемитување на програмата на Канал 5 на сателитскиот оператор, без никаков претходен меѓусебен договор, конечно се претвори во обвинителен акт – Тасев и правното лице се товарат за кривично дело повреда на авторските и сродни права со кој на телевизијата нанеле штета во значителен износ од речиси 2 милиони денари.

-Обвинетиот Никола Тасев како управител во име и за сметка на обвинетото правно лице Тотал ТВ ДОО Скопје, неовластено посегнале по туѓо авторско право со намера да прибават противправна имотна корист со што постапиле спротивно на чл.36 и чл.37 – Стои во обвинителниот предлог на ОЈО.

Според директорот на Канал 5 ТВ – Иван Мирчевски тоа што институциите се одважија да го процесуираат овој случај е позитивен чекор во борбата со пиратеријата која галопира во Македонија.

-Станува збор за класична пиратерија, односно, реемитување на нашата телевизиска програма без притоа да се има договор, во самата предистражна и истражна постапка доставивме едно чудо докази, документи кои што ги потврдуваат нашите тврдења и очекуваме и самиот суд да донесе фер одлука, правосилно, но истовремено и праведн одлука, затоа што не смееме повеќе во Македонија да дозволиме да се шири телевизиската пиратерија, поради фактот што Македонија веќе станува сериозно легло на ТВ пиратерија,- вели Иван С. Мирчевски – Директор на Канал 5 ТВ.

Покрај тоа што ги оштетува радиодифузерите, пиратеријата удира по џебот на граѓаните, вели Мирчевски, оти тој што им ја нуди програмата нема право да ја нуди. Тој смета дека борбата со овој проблем кој е од големи размери треба се води одлучно и системски, пред се по службена должност.

-Во обвинителството конечно треба да се направи еден департмент, еден одел каде што, најмалце еден, би било идеално двајца обвинители би работеле само на оваа материја, заштита на авторски и сродни права, поради тоа што, пак ќе ви повторам, ние не само што сме легло, туку кај нас пиратеријата галопира, никој не сака да ја сопре, сите ја гледаме и јасно ни е што ни се случува и сега е вистиниско време поради што штетата не ни се прави само на нас, радио дифузерите, туку најголема штета им се прави и на корисниците, им продавате нешто за што немате права, истакна Иван С. Мирчевски – Директор на Канал 5 ТВ.

Тасев и Тотал ТВ веќе се во друг судски процес, каде управителот се товари дека потпишувал договори без согласност на содружниците, каде еден од нив – Тони Илијоски според обвинителството е оштетен во сума од стотици илјади евра.

Можете да прочитате

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа

Милошоски: Донесениот заклучок од страна на членовите на Судскиот совет за продолжување на мандатот на Весна Дамева е незаконски

Дали поради Христовски ќе се скараат Апасиев и носителот на Левица во ИЕ6?