Утрински Весник
Македонија

Обид за убиство во Чаир: Ги испрскал со вода и се извинил, а потоа ги пречекал и пукал со пиштол

Policija 1.jpg

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

На 17 јули, во вечерните часови во Чаир, осомничениот со мотор со голема брзина поминал покрај оштетениот и уште едно лице кои се движеле пеш и ги испрскал со вода насобрана на асфалтот. Застанал и му се извинил само на сведокот, додека со оштетениот најпрвин започнал да се расправа, а потоа и физички размениле неколку удари.

Осомничениот најпрво избегал, но потоа ги пречекал во близина на детската градинка “Фидани” и со пиштол испукал еден куршум кон оштетениот, нанесувајќи му огнострелна повреда во десната страна на градниот кош и оштетувајќи му неколку органи. Сторителот веднаш повторно се дал во бегство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, а притворската мерка треба да се применува по неговото лишување од слобода. МВР постапува за пронаоѓање на осомничениот.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски мора да одговара за кражба и измама на граѓаните со кошничките

ДКСК констатира дека нема основа за постапување по пријавата за директорот на АНБ Бојан Христовски

Мисајловски: Испочитувана е одлуката за одвојување на 2% од БДП за одбрана