Утрински Весник
Свет

Победата на Мадуро на изборите во Венецуела не може да се признае, соопшти ЕУ

Eu.jpg

Резултатите од претседателските избори во Венецуела, на кои официјално победи претседателот Николас Мадуро, „не можат да бидат признати“, соопшти Советот на ЕУ.

„И покрај тоа што се обврза да го стори тоа, Националниот изборен совет на Венецуела (CNE) се уште не ги објави официјалните протоколи од избирачките места.

Поради недостаток на докази за нивно поткрепување, резултатите објавени на 2 август од CNE не можат да бидат признати“ се вели во соопштението.

За разлика од САД и неколку други земји, ЕУ не ја призна победата на опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес Урутија. 

Можете да прочитате

Цените на нафтата паднаа за 5 отсто по нападот на Иран врз американската воена база

Администрацијата на Трамп очекувала иранска одмазда, велат од Белата куќа

САД тврдат дека нема жртви во иранскиот напад врз воената база во Катар