Утрински Весник
Македонија

Симон Трпчески блескаво ја заокружи резиденцијалната серија концерти во Монте Карло

Trpceski Ja Zavrsi Rezidencijalnata Serija Koncerti Vo Monte Karlo.jpg

 Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески синоќа (4 август) во „Палатата на Принцот“ во Монте Карло со блескав настап го заокружи своето гостување како резиденцијален артист на Филхармонискиот оркестар на Монте Карло, во чии рамки одржа серија концерти во тековната сезона 2023/24 година. Овој пат публиката со овации ја поздрави изведбата на Концертот за пијано и оркестар број 2 од Јоханес Брамс, што Трпчески и  овој реномиран оркестар го изведоа под диригентската палка на неговиот уметнички и музички раководител, маестро Казуки Јамада од Јапонија. Минатиот месец оваа добитна концертна комбинација настапи и во Колмар, Франција. Пребирливата публика од својот миленик беше наградена и со изведба на бис (квартет од Брамс од албумот „Пријателство“).

         Во рамките на резиденцијалниот престој што започна во октомври минатата година, кога Трпчески на сцената во салата „Рение Трети“ со Филхармонискиот оркестар на Монте Карло настапи со Вториот концерт за пијано и оркестар од Рахманинов, веќе во јануари годинава заедно со своите пријатели Краповски, Сомов, Мамудов и Нушев го изведе проектот МАКЕДОНИСИМО.  Следешецеловечерен рецитал на кој Трпчески исполни програма со дела од Шопен, Моцарт, Чајковски/Плетњев, Бетовен и Прокофјев.

        Богатиот концертен распоред на нашиот пијанист што изминатиот период го одведе на сцените во Соединетите американски држави, Швајцарија, Романија, Шкотска, Јужна Кореја и Германија, наредниве два месеца продолжува во Холандија, Франција, Германија, Шведска, Романија и Соединетите американски држави.

Можете да прочитате

Кос: Македонија да го промени Уставот и потоа навистина да го забрзаме процесот

Министерот Таравари по вчерашниот колапс се одмара дома

Митрески: ВМРО-ДПМНЕ одби да обезбеди средства за подобрувања на инфраструктура во дебарско