Утрински Весник
Балкан

Харадинај со критика за Курти дека застанал против Али Ахмети

Haradinaj.jpg

Рамуш Харадинај, претседателот на Алијансата за иднината на Косово, изјави дека косовскиот премиер Албин Курти не само што му наштетил на Косово, туку придонел за поделба на Албанците во соседството, оценувајќи дека бил „регрутиран“ од Србија за да го ослабне влијанието на албанската заедница во регионот.

„Тој ги ускратува стратешките победи на Косово. Гледате дека не сме блиску до НАТО, поминаа четири години и немаме нови признанија, не го зајакнавме меѓународниот статус, но осудени сме да трпиме санкции од ЕУ наместо Србија по нападот во Бањска“, изјави Харадинај за „Економија онлајн“.

Тој вели дека Курти го поделил и ослабнал влијанието на Албанците во сите држави во регионот, а застанал и против, како што вели, Ослободителната македонска армија и нејзиниот водач Али Ахмети.

Харадинај ја опиша Владата на Курти како „најголемата штета што му е направена на Косово“.

Можете да прочитате

Подлегна на повредите тинејџерот кој беше претепан кај Хемиското училиште во Лесковац

Убиен е син на хрватски пејач во Еквадор

Хрватска ќе инвестира 2 отсто од БДП за одбрана во историска модернизација на војската