Утрински Весник
Македонија

ГОЛЕМАТА СУША И ТОПЛИНА ПРОДОЛЖУВА И ВО ТЕКОТ НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА: Постои зголемен ризик од појава на нови шумски пожари

Gh500 20240803 00 135.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани мои, по краткотрајната  и локална дестабилизација на атмосферата која ја имаме овој викенд, во текот на следната седмица продолжува големата суша  и топлина во Македонија. Времето ќе биде претежно стабилно, суво, сончево и многу топло со појава на мала до умерена локална облачност. Сепак и покрај ова, во попладневните часови не се исклучува можноста за многу ретка појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено во планинските предели.

Повремено ќе засилува  и ветер од променлив правец, па токму поради сушното и многу топло време, но и поради ветерот кој се очекува, постои зголемен ризик од појава на нови шумски пожари. Во ваква ситуација, апелираме граѓаните да бидат многу внимателни како се однесуваат со природата.

Што се однесува пак до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурата ќе се искачи до близу 40 степени. Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент 8.

Можете да прочитате

(Видео) Молотов коктел фрлен во објект во Скопје

Северна Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година

Неделков: Изминатите пет години платите на просветните работници се зголемени за 70 проценти