Утрински Весник
Македонија

Апасиев положи цвеќе на Прохор Пчински за јубилејниот АСНОМ

Img 6081.jpeg

Интегрален текст од соопштение на политичката партија Левица:

По повод јубилејот 80 години од првото заседание на АСНОМ, делегација на Левица, предводена од претседателот на Партијата проф. д-р Димитар Апасиев, заедно со членовите на Президиумот – потпретседателот Реџеп Исмаил-Хактан и генералниот секретар Јована Мојсоска положија цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот ,,Св. Прохор Пчински”, каде е одржано и првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија. 

Идеалите и целите на борбата за слобода и независност на македонскиот народ станаа реалност и темел на македонската државност со славната победа на Македонците во антифашистичката борба. Искуството од вековната борба на македонскиот народ покажува дека единствениот пат кон слобода и независност е преку борба во сојузот со сите угнетени народи на Балканот и ширум светот против канџите на империјализмот.

АСНОМ-ска Македонија е темелот на македонската државност. Во овие времиња на национална и социјална потиснатост на македонскиот народ, враќањето на АСНОМ-ските вредности и државнички принципи се клучни за повторно воспоставување на суверенитетот и независноста на македонската држава. 

Вечна слава на Илинден и АСНОМ!
Смрт на фашизмот – слобода за народот!

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”