Македонија денеска го слави Денот на Републиката во чест на Илинденското востание од 1903 и заседанието на АСНОМ од 1944.
Традиционални, државниот врв се распредели на Мечкин Камен, Пелинце и Скопје.
А онаму каде што требаше да е најполно со народ, остана најпразно. Ливадите на Мечкин камен останаа празни за време на целата свеченост каде свое обраќање имаше премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски.
Наместо реки народ каква што беше сликата во изминатите години, овој втори август на Мечкин камен имаше едвај стотина граѓани кои присуствуваа на свеченоста.
Очигледно дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ потфрлиле во организацијата и анимирање на граѓани, или пак граѓаните во најголем дел решиле овој празничен викенд да го минат на некоја плажа или планина, отколку да ги слушаат долгите говори на политичарите.
Се на се, тажни се фотографиите и видеата од денешните илинденски манифестации.