Утрински Весник
Македонија

МВР ќе го испита секое прераспоредување на вработени по изборите до изборот на новите функционери

Mvr.webp.webp

Ќе се процесуираат сите решенија донесени по завршување на изборите до именување нови владини членови, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во одговор на новинарско прашање дали ќе се постапува по 189 решенија за распоредување вработени, спротивно на одредбите Законот за спречување корупција и судир на интереси и на Изборниот законик.

„Факт е дека Антикорупциска комисија утврди во рамки на нивните процесни надлежности, незаконитост во постапувањата на заменик-министерот за временскиот интервал којшто беше по завршување официјално на изборниот процес се до именување на нови членови во рамките на Владата. Од страна на МВР ќе биде постапено согласно закон и ќе се процесуираат сите оние решенија кои во предметниот временски интервал не смееле да бидат донесени од страна на оној којшто ги донел“, рече Тошковски.

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), на седницата минатата недела утврди дека заменик-министер во техничката влада што ја предводеше Талат Џафери, донел 189 решенија за распоредување на вработени, иако тоа било спротивно на одредби од Законот за спречување корупција и судир на интереси и на Изборниот законик.

Претседателка Татјана Димитровска тогаш најави дека „ќе иницираат постапка до надлежен орган“ против поранешен функционер.

Можете да прочитате

Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз – Костадинов нема да се кандидира како независен за Струмица

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР

Стефан Лазаров за скандалозниот предлог данок на Мицкоски: Со вакви услови за живот само ќе ги натерате младите кои не се во брак побрзо да си заминат од Македонија