Утрински Весник
Македонија

АХВ: Се повлекуваат од пазарот коцки за супа од Хрватска

596922 0.basic Addaada.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска соопшти дека почна итна постапка за повлекување од пазарот на потенцијално небезбедни коцки за супа од Хрватска, поради можно присуство на туѓо тело.

Како што потенцираат од АХВ во нивното соопштение, станува збор за говедска коцка за супа на производителот „Подравка“, серија 0507241, со рок на употреба до 05.07.2025 година и пилешка коцка за супа серија 0307241, со рок до 03.07.2025 година.

Алерт нотификацијата за потенцијално небезбедните производи кои се увезени во земјава, АХВ посочува дека ги добиле вчера во доцните попладневни часови преку Системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на ЕУ (RASFF – Window) со референтен број 2024.5845.

Земја известувач е Република Хрватска, каде посочените производи се отповикани од промет.

-Ги повикуваме потрошувачите кои ги купиле посочените производи со овие сериски броеви, истите да не ги употребуваат, или да ги вратат на местото од каде што ги купиле, или пак нештетно да ги уништат, посочуваат од АХВ

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

До 250 деца дневно во „Козле“ поради силен бран на грип

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата