Утрински Весник
Скопје

Општина Центар се вклучува во помош за екипите што интервенираат за гаснење на пожарите

Whatsapp Image 2024 07 31 At 13.51.18 67a65620.jpg

Помош во ресурси и поддршка за справување со пожарите што беснеат на територијата на целата држава беа темите на денешниот итен координативен состанок на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и општинскиот Штаб за заштита и спасување одржан заедно со претставник на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Општина Центар и градоначалникот Герасимовски активно ќе се вклучат со своите расположливи капацитети за одговор на катастрофата.

На координативниот состанок беше нагласено дека состојбата на терен е алармантна, за што Општина Центар во насока на ублажување на последиците и помош за спасувачките екипи и доброволците на терен ќе обезбеди помош преку донации на вода и освежителни пијалаци.

„Општина Центар веднаш стапи во контакт со неколку општествено одговорни компании кои веднаш понудија помош во вода и пијалаци и нивен транспорт до местата каде што се наоѓаат екипите кои интервенираат на пожарите”, истакна Герасимовски на состанокот.

Општина Центар упатува апел до сите граѓани совесно и одговорно да се однесуваат во природа и за време на претстојните празници, за кога нè очекува исто така многу топло време, и да избегнуваат правење на скара и палење на оган на отворено.

Можете да прочитате

Без вода делови од Припор и Аеродром

Приватните превозници и денеска не возат, очекуваат одлука на вонредна седница на на советот на Град Скопје

Постигнат е времен договор со приватните превозници