Утрински Весник
Македонија

Лишен од слобода маж од радовишко затоа што подметнал пожари

1720605467 Pozhar.webp.webp

На 30.07.2024 полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода С.Р. од с. Али Коч, радовишко, затоа што подметнал пожари во близина на с. Али Коч.

На 30.07.2024 во 12:00 во ОВР Радовиш од страна на ТППЕ Радовиш е пријавено дека на две места во близина на с.Али Коч настанале пожари, при што горела дабова шума.

По преземени мерки и активности, од страна на полициски службеници од ОВР Радовиш утврдено е дека С.Р. ги подметнал пожарите односно сторил кривично дело по член 288 „предизвикување општа опасност” и кривично дело „предизвикување шумски пожар” по чл.227 од КЗ. С.Р е лишен од слобода и во службен разговор признал дека ги сторил кривичните дела, по што е задржан во ОВР Радовиш.

По документирање на случајот, ОВР Радовиш до надлежното ОЈО Струмица ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Трет голем пожар избувна во Штип, евакуирани работници од „Албатрос“

МВР приведе 18 возачи, најголем дел возеле без возачка дозвола

Драма кај Штип: Бегајќи од пламените јазици, возач предизвикал директен судир со друго возило