Утрински Весник
Македонија

Завршува конкурсот за прием во студентски домови за студентите од втора до шеста година и апсолвенти

20240730162849 Big 730x400 99 1.webp.webp

Конкурсот за прием на студенти во студентските домови низ државава, кои се запишани на додипломски студии од втора до шеста година или се апсолвенти во учебната 2024/2025 година, завршува денеска на полноќ. Од 15 јули, кога беше отворен конкурсот, до вчера попладне во Министерството за образование и наука пристигнале над 2100 електронски пријави. 

Студентите кои се пријавуваат на конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на интернет-порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk  Во конкурсот се наведени документите потребни за аплицирање и начинот на пријавување.

Конечниот список за прием на студентите од втора и повисоките години ќе биде објавен најдоцна до 6 септември 2024 на огласните табли во студентските домови каде конкурирал студентот и на веб-страницата на Министерството. Приговорите по резултатите се доставуваат во самиот дом каде што аплицирал кандидатот во рок од 10 дена од денот на објавувањето на резултатите.

За оние што ќе бидат запишани во прва година на студии, аплицирањето ќе биде од 10 до 17 септември 2024. Конечниот список за прием на бруцошите ќе биде објавен најдоцна до 30 септември 2024 и рокот за приговор, исто така, ќе биде 10 дена од денот на објавувањето на резултатите.

Од МОН сметаат дека ќе има легла за кандидатите што ги исполнуваат критериумите наведени во конкурсот, согласно кој за студенти од втора до шеста година студии и за апсолвенти на располагање се вкупно 3269 места во сите домови во државава. 

Покрај нив, со конкурсот се предвидени и 1034 легла за бруцоши, за кои конкурсот ќе биде во септември, односно за сите студенти заедно на располагање се вкупно 4303 кревети во 11 студентски домови во Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Штип и Тетово.

Оваа академска година прием на студенти ќе нема во домовите „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје затоа што пролетта почна долго најавуваната реконструкција. Според планот, таа треба етапно да опфати девет државни студентски домови, а согласно договорот со изведувачот, реконструкцијата на овие два дома треба да заврши за една и пол година. 

Од МОН наведуваат дека доколку интересот и бројот на апликации го надмине расположливиот сместувачки капацитет, на заинтересираните студенти кои ќе се пријават на конкурс ќе им се понуди сместување во студентскиот дом „Томе Стефановски-Сениќ“, каде што вкупно се планирани 370 места.

-Исто така, на располагање се и дел од ученичките домови кои не се пополнуваа целосно во изминатите учебни години, велат од МОН.

Можете да прочитате

Митева: Потрошени се 100 милиони евра по основ поддршка на компаниите на начин спротивен на закон

Манастирот Прохор Пчињски безбеден, пожарот на планината Козјак се гасне со хеликоптери

Дванаесет активни пожари, Ангелов со апел до граѓаните да не учествуваат во гаснењето, освен доколку не бидат прифатени од локалните командири