Утрински Весник
Македонија

ФЗО ќе го покрие лекувањето на Леонид Индов

Fzom.jpg

Лекувањето на младиот Леонид Индов во Градската општа болница „8 Септември“ ќе го покрие Фондот за здравствено осигурување, информираат оттаму. Како што соопштија од ФЗО, минатата недела Владата побарала да се смени претходната одлука на Фондот со која беше одбиено барањето за покривање на трошоците за лекување на Леонид, со тврдење дека има услови за лекување во земјата, без да се наведе каде е тоа.

„ФЗО врз основа на препораките од Австрија и ГОБ ‘8 Септември’, ќе се одобри употреба на лекови неопходни за ваков тип третман. ФЗО е сервис на граѓаните, на сите оние што имаат потреба од здравствени услуги. Работиме на воспоставување јасни правила за да се намали  можноста од неправилности и злоупотреби. За тоа ги анализираме констатираните проблеми во извештаите на Државниот завод за ревизија, како и поплаките на граѓаните“се наведува во соопштението од ФЗО.

Министерот за здравство Арбен Таравари претходно изјави дека внимателно ќе се следи третманот на младиот Индов кој вчера доцна попладне со медикоптер е вратен во Скопје по неговото лекување во Виена. Транспортот бил со хеликоптерот на МВР, во кој има специфична медицинска опрема, а во леталото бил присутен и медицински персонал.

Можете да прочитате

ЦУК: На бројот 112 во изминатото деноноќие 1697 повици, се гаселе девет пожари на отворен простор

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

Средба на министерот Муцунски со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Крис Бартон