Утрински Весник
Македонија

Сушниот и топол период продолжува во Македонија, постои опасност од појава на нови шумски пожари

1722234357 Ecmopit18 69 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во текот на оваа работна седмица нашата територија  и понатаму ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува  и топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка. Времето ќе биде претежно сончево со појава на мала до умерена локална облачност.

Денес како и утре (вторник) повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина тие ќе се искачуваат до околу 38, 39 степени.

Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде помеѓу 8 и 9.

НАПОМЕНА: Поради сушниот и топол период, но и поради повремено засилениот ветер кој го очекуваме во следниот период, повторно постои опасност од појава на нови шумски пожари, па токму поради ова апелираме граѓаните да бидат многу внимателни како се однесуваат со природата.

Можете да прочитате

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика