Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло, до 40 степени

Vreme 2 1.webp.webp

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност, особено во планинските подрачја каде ќе има услови за краткотраен локален дожд, информираат од УХМР. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од северен правец со брзина од над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 33 до 40 Цезиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 38 Целзиусови степени.

Според УХМР, во наредните денови ќе биде претежно сончево и топло. Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 60 km/h) што ќе услови благо намалување на утринската и дневната температура.

Можете да прочитате

МЕТАОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Силно невреме ја зафаќа Македонија

Холанѓанец приведен во Центар: Пријавен дека шетал со пиштол и правел инциденти

За десет години бројот на новороденчиња паднал за речиси 30 проценти