Утрински Весник
Свет

Нетанјаху: Терористите на Хезболах убија деца, ќе платат висока цена

Netanjahu 2.jpg
Dik 300x250 mk

– Израелскиот претседател Исак Херцог синоќа изјави дека либанското исламистичко движење Хезболах „нападна и уби деца“ во ракетниот напад на Голанската висорамнина која е под контрола на Израел, додека премиерот Бенјамин Нетанјаху предупреди дека Хезболах ќе „плати висока цена“ за тој напад.

– Терористите на Хезболах денеска насилно нападнаа и убија деца, чие единствено злосторство беше што излегоа да играат фудбал. Не се вратија, се вели во соопштението на Херцог.

Според последниот биланс 12 луќе, најмногу деца, загинаа во ракетниот напад на фудбалско игралиште во градот Мајдал Шамс, на Голанската висорамнина.

Израелската армија ја обвини либанската милитантна група Хезболах, која негира дека стои зад нападот врз цивили.

Нетанјаху синоќа изјави дека Хезболах „ќе плати висока цена“ за ракетниот напад на Голанската висорамнина.

Тој разговараше со лидерот на локалната заедница и рече дека Израел нема да дозволи „смртоносниот напад да остане без одговор“ и оти Хезболах, кој негира дека го извршил нападот, ќе плати „висока цена, цена која никогаш претходно не ја платил“ соопшти кабинетот на израелскиот премиер.

Нетанјаху поради нападот ја скрати посетата на САД и утрово се очекува да пристигне во Израел.

Можете да прочитате

Трамп заигра во Малезија: Американскиот претседател ги изненади сите со својот танц

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА од бруталното претепување до смрт во Ново Место – Словенија на нозе, паднаа оставки, се бараат радикални мерки

Кукла на Нетанјаху обесена на кран во Трабзон