Утрински Весник
Магазин

Новинарката од “Здраво Македонијо” се онесвести во познат скопски локал – Ги бара докторките кои несебично и притрчале на помош

Fb Img 1722096001590.jpg

Новинарката од Канал 5, која е дел од тимот на утринската емисија “Здраво Македонијо”, Бисера Ловачева, вчеравечер се онесвестила во еден познат скопски локал, при што неколку докторки кои исто така биле во локалот и пришле и и пружиле прва помош.

Новинарката моментално се чувствува добро, но бидејќи во целата збрка не успеала да дознае кои се добродушните докторки кои и помогнале, сега сака да ги најде и лично да им се заблагодари за несебичната помош.

“Да вистина е. Бев излезена со друштво во еден познат скопски локал. Имав силно срцебиење предходно и одеднаш почувствував дека ќе изгубам свест. И навистина се онесвестив.

Голема благодарност до целиот тим на кафичот кои ми укажаа помош, но и до неколку девојки докторки и медицинска сестра кои се најдоа на лице место и ми дадоа прва помош.

Кажаа дека е колапс и дехидрираност. Вечерта во локалот пиев кисела вода. Во моментов се чувствувам добро, за жал имам стомачен вирус, температура и сум омалаксана. Но, ќе помине. Би сакала да ги најдам девојките докторки и да им кажам големо благодарам за брзата реакција, доколку го прочитаат текстот или некој друг ги познава нека ме исконтактира. Ова се случи вечерта на 26.07. Чувајте се сите, благодарам и до “24инфо” за загриженоста”, ни изјави Ловачева.

Таа вели се уште има човечност и солидарност помеѓу луѓето.

Н.Ј.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста