Утрински Весник
Македонија

Нови в.д. директори во неколку јавни здравствени установи

Klinicki Centar 1024x612.jpg

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска назначи в.д. директори во неколку јавни здравствени установи, соопшти Министерството за здравство.

За в.д. директор на Универзитетска клиника за неврохирургија е назначен Љуљзим Агаи, на Универзитетска клиника за очни болести Наташа Шекеринов, додека на Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле Каролина Симоновска.

Пранвера Изаири ќе биде в.д. директорка на специјалната Болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ Чаир, на Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија Јасмина Ѓоргиевска Павловска, а на Универзитетска клиника за хирургија на лице, вилици и врат-максилофацијална хирургија за в.д. директорка е назначена Сузана Двојаковска.

В.д. директор на Клиничка болница Тетово е Агим Бериша, на Општа болница со проширена дејност Гевгелија Патрик Матх, на Институт за медицина на трудот Мерхал Исмаили, на Здравствен дом Валандово Кети Пампурова Стојчевска, на Здравствен дом Кратово Оливер Лазаровски и на Здравствен дом Кичево за в.д. директор е назначен Генц Селмани

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје