Утрински Весник
Спорт

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

D0b8d0bed0ba D0bed0b4d0b3d0bed0b2d0bed180d0b8 D0bdd0b0 D0bad180d0b8d182d0b8d0bad0b8d182d0b5 D0bed0b4 D183d0bad180d0b0d0b8d0bdd0b0 D0b7 63de70328545f.jpeg

Организаторите на 33. Олимписки игри во Париз официјално објавија дека е соборен досегашниот рекорд според продадени билети во историјата на Игрите.
Ден пред вечерашното свечено отворање, организаторите соопштија дека досега се продадени и поделени вкупно 9,7 милиони билети. Од нив, 8,7 милиони се продадени, а еден милион се доделени главно за лица со посебни потреби, спортски ентузијасти и помладата популација.
Организаторите решија да доделат билети по бројните критики дека цените на билетите се превисоки за многумина.
Претходниот рекорд според бројот на продадени билети го држеше Атланта во 1996 година, кога беа продадени 8,3 милиони влезници.
Организаторите додадоа дека сè уште има билети во продажба.
За Игрите во Париз кои ќе траат до 11 август во продажба се пуштени нешто повеќе од 10 милиони влезници.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари