Утрински Весник
Македонија

Запленети непријавени девизи на граничен премин Табановце

3 3 2.jpg

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречија обид за нелегално изнесување на 6.800 евра, откако при контрола на патник откриja поголема сума непријавени девизи. Лицето е македонски државјанин и на прашањето на царинскиот службеник дали има нешто да пријави, одговорил дека нема ништо за пријавување. При извршената контрола, во рачна торба на патникот биле пронајдени 8.800 евра, за кои лицето не поседувало никаков документ за потекло.

Согласно Законот за девизно работење, на патникот вратени му се 2.000 евра, износ што може да се изнесе без да се пријави, додека останатите 6.800 евра се задржани.

Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок.

Можете да прочитате

„Дечанска иницијатива“: Погрешно толкување на историјата и опасна идеологија

Анкета: Половина од младите не веруваат дека Македонија некогаш ќе стане членка на ЕУ

Мечка нападна маж кај селото Рилево, со тешки повреди пренесен во болница